„Жолтите елеци“ повторно ја блокираат Франција

Откако вo саботата 287.000 лица протестираа во Франција поради покачувањето на цените на горивото, автопатиштата во земјата од неделата утрото, во знак на протест, се блокирани на околу 40 места.

Француската влада утрово дека нема да ја менува нејзината фискална и еколошка политика и покрај демонстрациите.

Во вчерашните протести во Франција повредени се над 400 лица, од кои 14 се во критична состојба. Меѓу повредените има и полицајци и пожарникари.

Француската полиција привела 282 демонстранти, а во текот на ноќта беше најавено дека ќе мобилизира 5.000 полициски службеници за справување со сообраќајните блокади и протестите.