Хакерите од групата позната под називот Anonymous објавија документи според кои соработници на проектот Integrity Initiative, биле ангажирани неколку години пред во пролетта 2018 година во англискиот град Солсбери да се случи труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка наводно со нервниот агенс „новичок“ за што беше обвинета Русија и предизвика жестока дипломатска криза меѓу Западот и Москва која резултираше со санкции и двострано протерување на стотици дипломати.
Материјалите до кои дошле хакерите, укажуваат дека ангажираните експерти неколку години пред „случајот Скрипал“ сугерирале некаква „трагедија“ за протерување на руски дипломати од Велика Британија и која ќе биде искористена за јакнење на британскиот одбранбен систем. Се истакнува, дека меѓу лицата вклучени во споменатиот проект Integrity Initiative имало и специјалисти за хемиско оружје коишто контактирале со регрутерот на разузнавачи кој живеел во соседството Сергеј Скрипал.
Повторување на британските акции
Во ноември минатата година Anonymous првпат објавија документи за проектот Integrity Initiative, за кој хакерите тврдат дека може да бил користен за британско мешање во внатрешните работи на некои европски држави и за информативна војна против Русија. Британските власт одложено по некое време ја потврдија автентичноста на посочените документи.
Неодамна на сајтот cyberguerrilla.org од име на Anonymous се појавија нови податоци, коишто, како што тврдат авторите, се поврзани со проектот Integrity Initiative. Станува збор за документи и фактури за исплаќање на извештаите поднесени за активностите на руските медиумски мрежи, специјано на RT и Sputnik. Во овие документи, исто така, повторно се споменува инцидентот во Солсбери.
Меѓу документите објавени во саботата, е извештај подготвен од извесен Виктор Мадејра уште во 2015 година. Медејра е виш научен соработник на британскиот Инститит за државната управа кој го финансирал проектот Integrity Initiative.
Документот содржи збир од предлози за санкции против Русија, вклучително и „истовремено протерување на сите руски разузнавачи и атешеата на водухопловството/ на министерството за внатрешни работи/ морнаричките аташеа од што е можно повеќе земји“. Мадејра сугерирал дека на тоа треба да се гледа како на повторувањето на операцијата FOOT од 1971 година, кога Лондон протерал 105 советски дипломати. Така, по инцидентот во Солсбери руските дипломати беа принудени да ја напуштат Велика Британија и редица западни сили, што предизвика идентична одмадничка акција на Москва. Но во последно време има најави дека британско-руските дипломатски односи ќе бидат поправени.
Во 2018 година, директорот на Институтот за државна управа, Кристофер Донели, бил промовиран во челник на полкот на групата специјалист на военото разузнавање. Оваа формација е во составот на британска Прва бригада за набљудување и извидување, формирана во 2014 година и е одговорна за целото воено разузнавње. Хакерите за потврда на ваквите тврдења посочуваат на датотеката за промовирање во должностите.
Вториот документ, покажува дека во октомври 2016 година, Донели заедно со генералот Ричард Барон, кој претходно истата година се повлекол од позицијата челник на заедничката команда на британските вооружени сили, дале разочарувачка процена за подготвеноста на британските сили да се спротистават на руските.
„Доколку не се случи некаква катастрофа, којашто ќе ги разбуди луѓето и ќе побараат одговор, треба да најдеме начин да направиме владата да стане свесна за проблемот и да се внесе во политичкиот простор (…) Мојот заклучок е дека мораме да започнеме расправа, или да чекаме нешто страшно да се случи, што ќе ќе нѐ налути и ќе нѐ наведе да дејствуваме“, напишал Донели.
Потоа Донели во групата експерти на военото разузнавање го вклучил и стручњакот за хемиско и биолошко оружје Марк Лаверик од воената лабораторија во базата Порт Даун која е на десетина километри од Солсбери, пишуваат Anonymous.
Русија повеќати во екот на кризата го нагласуваше своите сомневања дека хемиско оружје се развива во споменатата воена лабораторија, вклучително и токсичната материја која припаѓа на групата нервни агенси, со којашто според Лондон биле отруени таткото и ќерката Скрипал, а кој британската страна го нарече „новичок“ наводно развиван од советското воено разузнавање пред три децении. Во полза на ваквите тврдења одат и мислењата на голем број експерти според кои таквиот вид агенс е нестабилен и е тежок за транспор, како и дека за негово производство е потребна високо опремена лаборатирија којашто може да биде единствено финансирана на државно ниво. Покрај тоа, експертизата на отровната супстанција била извршена токму во базата во Порт Даун.
Операцијата Ajрис
Кога во март 2018 година се случи труењето во Солсбери, во информативната кампања во врска со случајот била активиран проектот Integrity Initiative. Во проектот посебно бил вклучена компанијата „Harod Associates“ за проучувње на водечките медиуми и социјални мрежи, нарекувајќи го овој проект „Операција Ајрис“ (Iris).
Досега хакерите постираа 25 документи, коишто според нивните сознанија се подготвени како дел од споменатите проекти. Станува збор за податоци за покривањето на инцидентот и бројот на објавите во британските, американските, европски и руските медиуми, анализи на објавите во врска со оваа тема на социјалните мрежи во разни држави, информации за наводните „тролови“ и нивната локација.
Хакерите од Anonymous, исто така, објавија писмо на Едни Прајс, кој во британското министерство за надворешни работи е одговорен за информативните борби. Тоа било напишано во април 2018 година и наменето „само за доверливи колеги и партнери“. Писмото содржи анализа како руските медиуми го покриваат инцидентот во Солсбери со заклучокот дека Москва се обидува да ја дезинформира јавноста. Набргу потоа руските дипломати го напуштија Лондон.
„Планот на Мадејра од 13-ти јануари 2015 година било последователно спроведен кон средината на 2018 година“, заклучуваат хакерите.
Поддржан од британските власти, проектот Integrity Initiative, чија цел е информативната војна со Русија, создава мрежа од свои филијали во поранешните советски републики и во европски земји, а исто така, на владата во Лондон и’ предлага и создавање филијали во американските градови, произлегува од докумнетие кои ги објавија Anonymous.
Случајно интервју
Според податоците до кои дошле од Anonymous, во јули 2018 година Пабло Милер, кој според нив е регрутер за разузнавањето и сосед на Скрипал, учествувале на состанок со претставници на ткн организација Бели шлемови кои за Западот се хуманитарна организација која наводно спасува луѓе во Сирија, додека Дамаск и Москва ги обвинуваат дека исценираат провокации за наводно користење на хемиско оружје од сириската армија. Состаноко се одржал во објект на Институтот за државна управа, се наведува во објавата.
„Во октомври 2018 година колега на Милер од четвртиот кралски тенковски полк Марк Урбан ја објавува книгата со интервју со Скрипал, коешто случајно го направил половина година пред ’труењето’. Заклучокот е очигледен“, се истакнува во објавата на Anonymous.
Станува збор за книгата „Skripal Files“, која ја обијави новинарот на британскиот јавен сервис BBC, Марк Урбан. Според податоците за неговата биографија, тој пред да влезе во новинарството во 1983 година минал девет месеци во тенковски полк, а потоа четири години минал во резервна служба. Според новинарот, тој снимил вкупно девет часови разговор со Сергеј Скрипал.