-3.2 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025

Мицкоски: Со задоволство ја прифатив понудата за интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми

На јавниот сервис МТВ во понеделник во 20.15 часот ќе се одржи двочасовна дебата каде гостин ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со новинари од националните телевизиски медиуми.

-Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за телевизиска дебата, интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми. Сметам дека транспарентноста и подготвеноста за дебатирање за најважните прашања, ќе им овозможи на граѓаните појасно да ги воочат и оценат состојбите, ставовите и предизвиците на нашата земја. За сите мои ставови, за крахот во економијата и разобличувањето на лажните ветувања од Владата, за името, двојазичноста, изборите, за НАТО и ЕУ и за сите други теми, Ве поканувам да гледате МТВ во понеделник во 20:15 часот, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во минатото Христијан Мицкоски двапати го повикуваше премиерот Заев на дебата, тој во двата наврата одбиваше да дебатира со Мицкоски.