Не им се плашиме, ќе ги тепаме – на изборите, порача пред новинарите во вторникот поранешниот градоначалник на скопсктата општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кога беше пренесувам новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата.
Апсењето на лидер на опозициска партија на само еден месец пред гласањето на претседателските избори, не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на актуелната власт на СДСМ, порача претрходно лидерот на најголемата коалициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претходно во вторникот надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави Предлог за определување на мерка притвор против три лица, меѓу кои и Јакимовски, кој попладнево во судот ја чека одлуката.
Приватизација и продажбата на земјиштетото кај поранешниот ресторан „Имес” во општината Карпош е предмет на истрагата за Јакимовски. Тој е осомничен за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ за што биле поднесени четори кривични пријави и за него и за двајца вработени во општината за коишто, исто така, се бара притвор, додека шестмина инвеститори се повикани на разговор и за нив се бараат мерки на претпазливост.