Фудбалерите на Леганес направија големо изненадување откако во саботата во првиот дуел од 29-то коло на шпанското првенство во мадридското предградие со 2:0 го совладаа Хетафе кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.
Стрелци за гостите беа Микаел Сантос во 49 и Хуанфран во 83 минута, со што Леганес дојде до 36 бодови и моментално е 11-ти на табелата, девет бодови подалеку од зоната на испаѓање.
Хетафе остана на 46 бодови и привремено на четвртото место кое води во Лигата на шампионите, а зад него е Алавес со 44 бодови со меч помалку. Во водство е Барселона со 66 бодови, Атлетико Мадрид има десет помалку а третиот Реал дури 12 бодови заостанување.
Во сабота се играат уште три натпревари во кои во 16,15 часот се среќаваат во градското дерби Барселона и Еспањол, Селта Виго и Виљареал игртаат во 18,30 часот, а Алавес го пречекува Атлетико во 20,45 часот.
Во недела во 12 часот програмата ја отвораат Леванте – Еибар, а следат на два часа разлика дуелите Рајо Ваљекано – Бетис, Севилја – Валенсија, Вајадолид – Реал Сосиедад а во 20,45 часот колото го заокружуваат Реал Мадрид и Хуеска.