Од Словенија најмногу мандати во ЕП за Јанез Јанша

Најмноги гласови и мандати во новиот состав на Европскиот парламент, од осумте колку ѝ припаѓаат на Словенија доби во неделата Словенечката деморкатска партија (SDS) на Јанез Јанша, а мандати освоиле уште три партиски листи, според прелиминарните резултати што ги објави изборната комисија.

SDS која во Словенија е водечата партија од конзервативната опозиција освоила 26,4 отсто од гласовите или 3 мандата. На второто место е партијата на Социјалните демократи (SD) на Дејан Жидан со 18,51 гласови и 2 мандата, а трета е Листата Маријан Шарец, словенешкиот премиер, со 15,61 отсто од гласовите и 2 мадата. Еден мандат со освоени 11,10 отсто од гласовите освоила демокристијканската Нова Словенија (NSI), на Матео Тонино

Со 6,35 отсто од гласовите без мандат остана партијата Левица, на Лука Месец, а таков резултат оствариле и портијата на пенизионерите DESUS, на Карл Ерјавец за која гласале 5,65 отсто гласачи, Слвенечката национална партија (SNS) на Змаго Јенинчич со 4,01 отсто гласови колку што освоила и Партијата Алнека Братушек (SAB), на поранешната премиерка, и Зелените со само 2,08 отсто од гласовите.

На овие гласови од гласачките места во Словенија треаб да се додадат и гласовите од странтво кои следната седмица треба да се обработат, но резултатот веројатно нема да се промени кога станува збор за распределнбата на мандатите.

Според комисијата, одѕивот на избирачите бил доста низок, според последноте податоци 28,13 отсто.