Австралискиот новинар Питер Лејлор, кој во Манчестер го следи првенството во крикет, тврди дека го платил најскапото пиво во светот коешто го платил 68.120 долари, односно 55.000 фунти или 61.356 евра.
Лејлор вели дека навратил на пиво во бар во Манчестер пред почетокот на првенствен натпревар на стадионот „Ол Трафорд“. Тој на Twitter пишува дека не ги ставил диоптриските очила и не ја проверил сметката за шишето пиво од брендот „Deuchars IPA“, пред на келнерот да му ја даде својата кредитна картичка.
Шокот дошол неколку часа подоцна кога му се јавила сопругата од Австралија и му кажала дека од заедничката сметка штотуку се симнати 68.120 долари. Покрај сметката за пивото, банката наплатила и 1.000 долари трансакциски трошоци.
Подоцна било утврдено дека келнерот за пивото, наместо 5,50 фунти, односно 6,78 долари, по грешка исчукал цена од 55.000 фунти.
Хотелот „Malmaison“, во чиј склоп се наоѓа барот, објави дека го истражува случајот. Трансакцискиот надомест му е вратен, но Лејлор ќе мора доста да се помачи во следните девет работни денови, колку што на банката ѝ е потребно да врати поголем износ.
Што се однесува до квалитетот на пивото, кои инаку има освоено бројни меѓународни награди, Лејлор има поделени чувства. „Беше добро, но не баш толку добро“, напиша.