
Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан вечерва го поздрави гласањето на Бундестагот за отпочнување преговори со ЕУ во октомври за Северна Македонија и за Албанија.
– Го поздравувам денешното гласање на германскиот Бундестаг за почнување на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ!, напиша еврокомесарот Хан на Твитер.
Пратениците во германскиот Бундестаг вечерва со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија. За предлогот гласаа и власта и дел од опозицијата. „За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.