Елиф Елмас со два гола синоќа ја реши Словенија, а потоа порача: „Ќе одиме во Полска на победа“. Во еден момент целиот стадион го скандираше неговото име, нешто што нашиот вундеркинг апсолутно го заслужи.
Со неговите два гола, прво на асистенција на Горан Пандев, а потоа и на Аријан Адеми, играчот на Наполи на двапати го матираше големиот Јан Облак.
„Прекрасно е чувството целиот стадион кога ќе го скандира твоето име, тоа ми беше сон од најмал. Но, тоа не е важно, важно што за првпат после долго време дојдоа толку навивачи на трибините, важно е што им вративме со победа. Се надевам дека така ќе продолжиме, сега имаме отворен пат кон Европското првенство и сѐ зависи од нас. Ќе одиме во Полска на победа“.
Елмас и останатите „рисови“ денеска заминуваат за Полска каде в недела вечер во Варшава ги чека нов тежок и важен натпревар на патот кон ЕУРО 2020.