Зоран Заев со очигледна нервоза, што би рекол народот од „немајкаде”, „храбро” вели да се објави се за аферата „Рекет”, напиша на својот Фејсбук генералниот секретар наВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по неделното интрвју на Радио Слобдна Европа со премиерот Зоран Заев.
„Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан“, изјави Заев во интервјуто.
Токму на оваа изјава Јанушев реагира со неколку потсетувања за Заев.
Можеби обвинителството ќе го послуша или можеби не, пишува Јанушев, но еве неколку прашања за освежување на меморијата:
1.NSKRO 74/17 – USB, се сеќавате ли г-дине Заев?
2.Кој од влада му дојави на Бојан Јовановски дека е пријавен за рекет?
И, еве за денес последното:
- Се сеќавате ли на Вашата комуникација со Јанева?
П.С. -Сетете се за комуникацијата затоа што телефонот е на сигурно. И да, за разлика од вашите, ова не се лажни вести.