![rabini uasuvc](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/rabini-uasuvc.jpg?resize=696%2C454&ssl=1)
Четворица американски рабини, предводени од њујоршкиот Ави Вајс, се собраа во неделата пред црквата во близина на германскиот нацистички логор на смртта Биркенау во денешна Полска, барајќи тамошната католичка црква да биде отстрнета од местото во кое се убиени повеќе од милион Евреи.
Светските челници пристигнуваат во неделата во Биркенау и во блискиот Аушвиц, на одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на логорите во коишто покрај Евреи, погубивани биле и десетиции илјади полски католици, но и припадници на други нации.
„За нас овој протест е дел од комеморацијата. Кога не би го изразиле своето длабоко, длабоко огорчување од тоа што црквата сѐ уште е тука, би ја испратиле пораката дека со тоа сѐ е во ред“, изјви Вајс.
Рабините тврдат дека црквата не би требало да биде на местото на едни од најголемите еврејски гробишта на светот и дека со тоа се крши договорот на европските кардинали и еврејските челници од 1987 година, според кој во Аушвиц и Биркенау нема да има постојани објекти за католичко богослужење.
„Оваа црква, според моето мислење, е најголемото сквернавење на историјата на холокаустот. Под оваа почва се гробишта, нивната крв проговара низ земјата барајќи правда“, истакна Вајс.
Рабините бараат црквата да биде преместена на некое друго место во Освјецим.
Вајс ја посетил црквата првпат во 1985 годин, на 50-годишнинта од ослободувањето на Аушвиц ког беше уапсен бидејќи организираше протестно седење против она што го смета обид логорот да се претстави како доминантно христијанско мачилиште.
Во неделата, кога завршила литургијата, рабините велат дека се обиделе да влезат во црквата и да разговараат со собраните верници и свештеникот. Но тој наводно ги одбил и им ја затворил вратат од црквата.
Вајс во 1980-те години водеше долга и на крајот успешна кампања од Аушвиц да биде отстране католички манастир, отворен во зградата во која некогаш се чувал отовниот гас со кој биле задушувани нацистичките жртви.