По рекордниот 500-ти гол на Златан Ибрахимовиќ во кариерата, кој го постигна во саботата, честитки до Швеѓанецот се уште доаѓаат, но еден од смешните беше испратен од Дејвид Бекам. Ибрахимовиќ претходно во негов стил ги прокоментира постигнатиот 500 гол во кариерата во поразот на неговиот „ЛА Галакси“ против „Торонто“(5:3).
Мило ми е за Торонто, затоа што секогаш ќе ги памтам како мојата 500-та жртва. Јубилејот многу ми значи, веројатно имам повеќе голови во кариерата отколку што останатите играчи на тенот имаат натпревари, рече Швеѓанецот.
На оваа изјава реагираше Бекам, инаку голем пријател на Ибрахимовиќ.
Златан, сакам да ти честитам 500 гола, каква кариера, каков играч, какво достигнување! Уживање беше играњето со тебе и против тебе, задоволство е да бидам твој пријател. 500 голови… Тоа значи дека си многу, многу стар! Честитки, но малку си срамежлив, мора малце да поработиш на тоа и ќе биде уште подобро, рече Бекам.
Ибрахимовиќ им се приклучи на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси, единствените активни фудбалери кои постигнале над петстотини голови во својата професионална кариера.
Швеѓанецот постигна 438 гола за клубовите во кариерата и 62 за Шведска.