Дел од вработените на Twitter трајно ќе работат од дома

Пандемијата на коронавирусот во целиот свет донесе промени на начинот на работењето без преседан, а компанијата „Twitter“ во вторникот стана првата голема технолошка компанија која им дозволи на вработените трајно да работат од дома, доколку за тоа имаат услови.

Пандемијата со која досега во светот се заразени над 4,2 милиони луѓе доведе до ограничувања на движењето во повеќето земји и го промени начините на работењето, а работата од дома се воведува како нова норма.

Компанијата „Twitter“ објави дека пред септември нема да ги отвори повеќето од своите канцеларии, и дека вработените може да избираат дали ќе доаѓаат во просториите на компанијата и кога, пренесува порталот BuzzFeed.

Технолошките гиганти, како компаниите „Facebook“ и „Google“ им дозволија на повеќето свои вработени да работат од дома до крајот на годинава.