Довчерашниот бек на Партизан, Кори Волден, го напушти Партизан откако самиот го плати обесштетувањето, а негов нов клуб најверојатно ќе биде најголемиот ривал на „црно-белите“ Црвена звезда.
„Бекот од САД кој минатата сезона го носеше дресот со број 2 одлучи да го плати пропишаното обесштетување и во наредната сезона да игра во друг клуб. При доаѓањето во Партизан, Волден потпиша двегодишен договор, а пред оваа сезона клубот му понуди одлични услови за продолжување на соработката“, објави Партизан.
Според српските медиуми сума која Волден му ја платил на Партизан за „слободата“ се движи помеѓу 150.000 и 200.000 евра и негов нов клуб на големо разочарување на навивачите на „црно-белите“ ќе биде Црвена звезда.
Вториот белградски тим кој и во наредната сезона ќе игра во Евролигата му понудил подобри услови и се очекува до крајот на викендот Волден и официјално да биде претставен како кошаркар на Црвена звезда.