Стојаноска од Јегуновце: Заедно со граѓаните го потсетуваме Заев дека „Југохром“ не го рестартира ниту во 2018, 2019 ниту во 2020 година

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 денеска ја посети општина Јегуновце при што најпрво потсети дека на стартот на изборната кампања се обврзала дека ќе трага по вистината.

„Се наоѓам пред една вистина на Зоран Заев оставена во општина Јегуновце, поради кое што е овој молк позади мене. Исто така се обврзав и дека нема да напаѓам, но жителите на општина Јегуновце ме замолија од нивно име да го потсетиме Зоран Заев дека „Југохром“ не го рестартира ниту во 2018, ниту во 2019, нити во 2020 година, истакна Стојаноска.
Таа при своето обраќање посочи дека исто така и земјоделците не биле задоволни од исплатите на субвенциите и од исплатата на оштетите од поплавите и дека локалната власт исто како и централната власт не ги реализирала дадените ветувања како патот Желино-Јегуновце или регулацијата на речното корито на Вардар.
Токму поради сето ова овие луѓе на 15 јули ќе изберат обнова наместо измами. Обновата доаѓа“, порача Стојаноска.