Богоевски удри по Апасиев: Гајле му е за името и нацијата, само за политичкиот профит

Левица сега нема никаква допирна точка со идеалот кој го претставуваа младите луѓе што ја оформија во жарот на протестите, вели поранешниот учесник во тн Шарена револуција, Павле Богоевски, според кого партијата што денеска ја води Димитар Апасиев е изрод партија.

„Никогаш не сум гаел љубов за Левица, ниту сум се согласувал со нивниот пристап. Низ годиниве, на протестите и по нив, не можам да избројам колку пати и колку жолчно сум се расправал со нив до пенење на устата и желба за фаќање за гуша. Нема да именувам никој, ама сигурен сум дека чуството е взаемно.

Но, тие луѓе барем имаат вредности и принципи и искрено се бореа против режимот. Поради тоа, секогаш ќе ја имаат мојата почит.

Тие – за жал или среќа – повеќе не се дел од овој изрод од партија со која денес управува апасиев, а Левица сега нема никаква допирна точка со идеалот кој го претставуваа младите луѓе што ја оформија во жарот на протестите.

Сега, левото е заменето со десно, “работникот” со “народот”, активизмот е заменет со хонорарите, а од нивната мултиетничност остана само албанскиот превод на името на партијата во називот на нивната фб страна – како тажен спомен за идеалите кои требаше да ги претставуваат“, пишува Богоевски.

Според него, Апасиев никогаш не бил левичар.

Никогаш не му било гајле за работничките права, освен кога тој лично не бил засегнат. Единствена причина зошто толку се пенавеше на овие теми во минатото е бидејќи тоа му беше политички профитабилно. Исто како што сега му се профитабилни името и измислената закана против македонската нација. А верувајте, гајле му е и за името, и за нацијата, а најмалку за работникот.

Воопшто немаше да се замарам со него, доколку тој се’ уште не се обидуваше да капитализира на сметка на Шарената револуција – на протестите кои не само што не ги поддржуваше вистински, туку и активно се обидуваше да ги подрие.

Но, тоа е сосема друга приказна…“, пишува Богоевски.