По Босна и Херцеговина, и здравствените власти во Србија и во Хрватска во неделата објавија дека во последните 24 часа бројот на новозаразение со коронавирусот е повторно изразен во троцифрени бројки.
Според последните податоци, во Србија забележани се нови 211 случаи со коронавирусот од тестирани 6.559 лица, а починале четворица пациенти.
Од почетокот на епидемијата до денеска регистрирани се 29.682 случаи со коронавирус, а бројот на починатите е зголеми на 674 луѓе.
Според податоците на Министерството за здравство и институтот „Батут“, на респиратор се 73 пациенти, а вкупно во болница се 1.897 пациенти. Вкупно се тестирани 804.568 лица.
Во последното деноноќие во Хрватска регистриани се 151 новозаразен со корона вирус, а почина еден пациент, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментот бројот на активни случаи е 1.185. Од нив 126 пациенти се во болница, а 11 се на респиратор.
Досега во Хрватска се потврдени вкупно 6.571 случај со корона вирус, а 166 починаа, додека 5.220 оздравеа.