13.8 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Британски медиуми тврдат: Меси и Сити се договорија за условите

Лионел Меси, наводно, ги договорил сите услови со Манчестер Сити, за трансферот со Барселона, јавуваат англиските медиуми.

Дејли Стар објави дека Сити му понудил на Меси петгодишен договор. Три години во Сити со плата идентична со таа во Барселона, а потоа две години во Њујорк Сити ФК, подружница на Сити во МЛС.

Оваа информација ја пренесоа и други англиски медиуми, иако сè уште нема збор за тоа од Шпанија. Таткото на Меси, наводно, пристигнал во Манчестер синоќа на преговори и ги договорил условите за Меси, кој треба да заработува околу 35 милиони евра по сезона.

Веста за прв пат ја објави добро информираниот новинар Марсело Балер, кој во 2018 година беше првиот што ја објави веста дека Нејмар бил продаден во ПСЖ. Според реномираниот Атлетик, Меси веќе се слушнал со Гвардиола, кој го убедил да дојде во Манчестер и таа работа сега треба да се заврши.

Секако, најголемиот проблем е начинот на кој Меси ја напушта Барселона. Да потсетиме, клубот сепак инсистира на тоа дека на 31 мај истекол рокот на Меси да замине и дека неговиот договор автоматски бил продолжен до следното лето со клаузула од 700 милиони евра.

Но, адвокатите на Меси тврдат дека поради упатствата на Фифа во врска со коронавирусот, тој рок бил преместен до крајот на август и дека Меси би можел да замине како слободен играч. РМЦ Спорт пренесува дека Меси и Барселона, најверојатно, ќе се договорат дали има вистински интерес од Манчестер Сити.

Во тој случај Англичаните би испратиле понуда до Барселона, која би ја прифатила во договор со Меси. Аргентинецот со тоа би му овозможил на клубот во кој минал 20 години ,да заработи нешто на него.