Николоски: Владата на СДСМ нема да се избори со корупцијата зашто треба да почнат од себе

Македонија скапува во корупција. Корупцијата ја има од најниско до највисоко ниво, изјави пратеникот Александар Николоски од собраниската говорница.

-Овој предлог за Влада нема капацитет да се избори со корупцијата, затоа што треба да почнат од себе. Ако тоа не го направија во изминативе три години, не гледам ниту една причина зошто би го направиле тоа во следниот период. Затоа што не се способни да почнат од себе изјави Николоски.

 

Николоски истакна и дека во претходниот изборен циклус се слушаа многу ветувања за економијата, но најголем дел од нив не се реализираа.

-Се ветуваше стабилен буџет а гледаме буџетска дупка само за оваа година од една милијарда евра. Некој ќе рече дека тоа е заради коронакризата, не е само поради коронакризата туку и поради недомаќинското работење.  Грагаѓаните во изборите прашуваа каде се парите, затоа што три години камен не се стави во Македонија. Автопатиштата до каде беа до таму застанаа. Болниците кои се градеа до каде беа до таму застанаа. Железницата до каде беше таму застана, а нови проекти не видовме а буџетите се трошеа.  Што не носи до заклучок дека истото ќе се случува и во периодот пред нас. Се ветуваа 100.000 работни места, во програмата што ја достави мандатарот таква работа не гледаме. А сите читаме деновиве дека 40.000 работни места се изгубени во изминатиов период. Се ветуваа покачени плати, таква работа нема во тоа што е доставено има само ветување, а во некои сектори гледаме дека и плати не се делат изјави Николоски.