50 Сент не сака поради даноците на Бајден да биде 20 Сент

Раперот 50 Цент го поддржа Доналд Трамп за претседателските избори, пишува Њујорк Пост.

Како една од причините наведува дека во случај Џо Бајден да биде избран , ќе стане 20 цент.

– Да, не сакам да бидам 20 Цент. 62 отсто е навистина,  навистина лоша идеја. Не ми се допаѓа – напишал 50 Цент на Твитер реферирајќи се на Бајденовиот планиран износ за зголемување на даноците.

Откако го проучил Бајденовиот даночен план, ги повикал својте следбеници да гласаат за Трамп.

Освен тоа, 50 Цент поради ситацијата со даноците планира да се исели.

– Кој к..? Гласајте за Трамп. Си одам, да го еб.. Њујорк. Не ми е гајле дека Трамп не ги сака црнците, 62 отсто данок, дали сте луди?, напишал 50 Цент на Твитер.