
Меѓу новозаразените со коронавирус се и здравствен работник и наставник во подрачно училиште во Кавадарци, а поради тоа во изолација се 38 ученици.
Информацијата за МИА ја потврдил доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
„Нови 40 случаи позитивни на Covid-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Од нив, 26 од Кавадарци, по шест во Росоман и во Неготино, два случаја во Демир Капија. Најмладиот има 14 години, а најстариот е на 81-годишна возраст“, појаснил Јовановски.
Со коронавирус починал 67-годишен жител на Неготино. Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат, додал Јовановски.