Управата за јавни приходи почна да го испчаќа износот од ДДВ кој треба да им се врати на граѓаните за првите три месеци од годинава.
Според податоците, на граѓаните ќе им бидат исплатени околу 6,5 милиони евра.
Во ова тромесечје граѓаните скенирале 67.255. 511 фискални сметки, а прометот изнесува 32.434.528.850 денари.
Од УЈП информирааат дека граѓаните може да се информираат на своите кориснички профили на Е-ПДД за тоа до каде им е исплатата од МојДДВ за соодветното тримесечје, односно дали и кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е во ред или е погрешна и како истата да ја коригираат за да се реализира исплатата.