
По вчерашниот дуел против селекцијата на Италија во кој „кусата клупа“ е еден од главните виновници за тоа што македонската кошаркарска репрезентација не успеа да направи изненадување, за денешниот меч со домашната Русија кој стартува од 15,30 часот во Арената „Молот“ во Перм, во составот најавени се две нови имиња.
Селекторот Александар Тодоров го промени ростерот во однос на вчерашниот натпревар со Италија. На местото на Теодор Симиќ и Андреј Митревски, пријавени се Филип Бакоч и Виктор Ефремовски.
Во настојувањата да им се даде можност на повеќе играчи, одлучено е натпреварот со домашната селекција да им укаже доверба на следниве играчи:
Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Бојан Крстевски
Дамјан Стојановски
Кристијан Николов
Андреј Магдевски
Бојан Трајковски
Филип Бакоч
Џејкоб Вајли
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Стојан Ѓуроски
По три кола во квалификациите за Европското првенство „црвено-жолтите“ имаат три поразa.