Демант на Дамјан Манчевски

Дамјан Манчевски испрати ДЕМАНТ во врска со објавениот текст на 13.02.2021 во врска со објавениот текст на 13.02.2021 година во 20:40 на Интернет порталот „netpress.com.mk“

Во продолжение интегралната содржина на демантот на Манчевски: 

На ден 13.02.2021 година на Вашиот интернет портал „netpress.com.mk“ во 20:40 часот објавен е текст со наслов: „Манчевски од СДСМ: Нема ниту трага ни глас од градските служби на Шилегов“, каде е наведено дека јас, во својство на Поранешен Потпретседател и актуелен член на СДСМ сум револтиран од градските служби што не е исчистен снегот од улиците на централното градско подрачје, за што наводно упатувам јавна критика кон Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Најостро го демантирам тестот кој претставува лажна веста, со цел да се предизвика нетрпение кон мене. Очигледно дека е злоупотребена и фотографија објавена на 09.01.2017 година на мојот профил на Инстаграм, како наводен доказ кој би требало да послужи како поткрепа на тврдењата на Вашиот портал изнесени на 13.02.2021 година.

Објавата на фотографијата е направена за јавноста да се доведе во заблуда, со тенденција да се рашири оваа лажна вест споделена од Ваша страна. Сите овие клеветнички и спинувани објави на Вашиот портал, свесно и намерно создадени и преземени како лажна вест, која притоа содржи навредливи и клевентнички наводи, се со една и единствена цел-повреда на мојот углед и чест. Очигледна е тенденциозноста во објавувањето на фотографијата и текстот под неа да создаде понижувачко мислење за мојата чест и мојот углед, преку изнесување на невистинити факти, за кои очигледно е дека знаете или барем сте биле должни да знаете дека се невистинити во контекстот во кој сте ги објавиле.

Барам овој Демант веднаш да биде интегрално објавен, иако веста е отстранета од Вашиот портал, на истиот начин и под истите услови, но без нејзино отстранување и во рок од 24 часа барам ИЗВИНУВАЊЕ во согласност со одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.