Власта сега се задолжува со 70 милиони евра за проект којшто Петре Шилегов имал три ипол години за да го реализира, а не сега пред крајот на мандатот. Но, Скопје е многу мал град за таков проект, тоа го кажуваат експерти, рече во средата Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ алудирајќи на најавениот проект на скопскиот градоначалник за нов транспортен систем во главниот град.
„Во време на пандемија треба да се дотолку повеќе одговорност за тоа како се трошат народните пари, а со економските пакети на народот му се нуди милостина, наместо да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе ги прават наши фирми, а не да се затвораат фирмите и да се отпуштаа работниците, па ветувања плус дека ќе се вратат на работа, граѓаните веќе знаат дека нема да се исполнат тие ветувања“, рече Стојаноска вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија.
Додаде дека целиот свет на ваков начин не се справува со пандемијата и оти не може да се сети на држава во која власта профитира на ваков начин на сметка на здравјето на граѓаните.