Пронајдени двајца скопјани кои беа пријавени за исчезнати

Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје било пријавено дека бил вратен во домот 40-годишниот В.С. од Скопје, за кого на 16.05.2021 во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека се оддалечил од домот.

Исто така, вчера во 22.00 часот, од полициски службеници од СВР Скопје во с.Трубарево, скопско, бил пронајден 38-годишниот С.П. од селото Црешево, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот.