Умре Индиецот кој имаше 38 жени, 89 деца и 36 внуци

Во индиската сојузна држава Мизорам, умре 76-годишникот за кој се смета дека беше главата на најбројното семејство на планетата, пренесува во понеделникот BBC.

Зиона Чана беше лидер на верска секта која практикуваше полигамија, а умрел во неделата, оставајќи зад себе 38 сопруги, 89 деца и 36 внуци.

Веста ја потврдил главниот министер на државата Мизорам, Зорамтханга, кој на Twitter им изрази сочувство на членовите на семејството. Чана наводно пател од дијабетес и висок крвен притисок.

Лекарите за индиската новинска агенција PTI изјавиле дека неговата состојба се влошила додека бил во својот дом во селото Бактавнг Тлангнуам. Во неделата вечерта бил пренесен во болница, каде по приемот бил прогласен за мртов.

Во прилогот на BBC се наведува дека е тешко со сигурност да се каже дали Чана бил навистина главата на најголемото семејството во светот, имајќи превид дека во светот се јавуваат и други лица кои велат дека ја носта таа „титула“.

Истовремено е тешко прецизно да се процени бројноста на членовите на неговото семејство. Во најмалку во еден извештај е наведено дека има 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, што е вкупно 181 член на семејството.

Меѓутоа, без оглед дали станува збор за светски рекорд или не, Чана и неговото семејство станаа своевидна локална сензенција која привлекуваше туристи во селото во североисточна Индија. Вилата е главна туристичка атракција во оваа индиска држава, а доаѓаат да ја посетат љубопитниците од целиот свет.

Бројното семејство живее заедно во четирикатница под називот „Chuuar Than Run“ (Куќа на новата генерација) со стотина соби. Локалните медиуми пишуваат дека сопругите на Чана ги делеле собите во близина на неговата спална соба.

Агенцијата Reuters пишува дека Чана е роден 1945 година и дека својата најстара сопруга, коај е три години повозрасна од него, ја запознал кога имал 17 години. Семејството ѝ припаѓало на христијанската секта Чана Пави, која има околу 2.000 следбеници. Сектата којашто им дозволува полигамија на мажите во 1942 година ја основал дедото на Чана.