![Round of 16 Italy vs Austria](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/italija-1.jpg?resize=696%2C428&ssl=1)
Со победата од 2:1 против Австрија во осминафиналето од Европското првенство во саботата вечерта, италијанската фудбалска репезенатација постави нов рекорд според бројот на натпреварите без порази во својата 111-годишна историја.
Ова беше 31-от натпревар во низата на „Аѕурите“ без пораз со што селектрото Роберто Манчини го надмина легендарниот Виторио Поц, светескиот шампион од 1934 и 1938 година, кој во педиодот од 1935 до 1938 година имаше серија од 30 натпревари без пораз.
Последниот пораз Манчини на клупата на репрезентацијата на Италија го доживеа во септември 2008 година во Лисабон од Португалија со 0:1 во Лигата на нациите. Потоа неговата екипа нанижа 26 победи и пет нерешени исходи.