Македонија ја води најкорумпираната власт во Европа и затоа македонската економија тоне од ден во ден. За една година 6.200 компании се затворени и има 60 илјади нови невработени, а околу 600 илјади лица живеат на прагот на сиромаштијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта на Заев наместо за стандардот на граѓаните се грижи како да го зголеми стандардот на елитата околу нив. 65 отсто од работниците земаат помалку 25 илјади денари. Дополнително секој ден се соочуваат со зголемување на цените на производите. Поскапеа горивата и струјата, се воведуваат зелени такси и даноци кои немаат врска со екологијата, туку со полнење на празниот буџет. Потрошувачката кошница поскапува, а народот осиромашува. Јавниот долг на Македонија надмина 7 милијарди евра, а прогнозите на власта се дека тој ќе порасне до уште поневеројатни 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Патем нема никакви капитални инвестиции, нема нови автопати, болници, училишта и студентски градови, сето она кое што го ветуваа Заев и СДСМ, а кое што не го реализираа овие четири години“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните.
„Овие четири години ги имаат потрошени историски најголемите буџети, а нема никакви резултати од тоа. Само гледаме богатење на луѓето од власта од една страна, и осиромашување на огромното мнозинство граѓани. Ова мора да престане. Заев мора да биде поразен“, истакнуваат од партијата.