Во големиот пожар што избувна ноќеска во кој изгореа бараките на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје, изгоре и автомобилот на јавниот обвинител Гаврил Бубевски, неофицијално дознава „Сакам да кажам“.
„На 22.12.2021 околу 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Стефан Јакимов Дедов настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. (38) од Скопје. Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б. (45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот“, соопшти МВР утринава.