68 отсто од набавките во корона кризата спроведени со кршење на законот

За една ракавица се плаќало и 1,8 денари, но и 9.32 денари. Заштитен скафандер чинел од 177 до 1156 денари. Државните установи трошеле по над милион евра месечно за итни набавки во услови на корона криза. Центарот за граѓански комуникации во најновиот извештај кој го анализира периодот од март до август констатира дека за 68% од склучените договори е прекршен законот и тие не се јавно објавени во определениот рок, за секој трет договор се преговарало со еден понудувач, нема прецизен опис за производите што се набавени, а цените за ист производ се значително различни.

Од вкупно потрошени 6,76 милиони евра, најмногу за итни набавки потрошило МВР, 2,2 милиони евра. Следат Министертсто за здравство, Клиниката за трауматологија, Градската болница 8 септември и МАНУ.

Клучна препорака за следниот период е да нема итни набавки. Јасно е дека кризата ќе трае, институциите да се подговтат за периодот што следи.

За да нема сомнеж во начинот на кој се трошат народните пари, важно е институциите да објавуваат тендери врз основа на истражување на пазарот. Да ги објавуваат договорите што ги склучиле. Детално да ги опишуваат производите, да ги објавуваат цените… се со цел да се види дали е направен вистинскиот избор за потошените пари.