2.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Џафери ќе ги поднови пратениците и службениците со мобилни телефони со неограничен интернет, а граѓаните ќе платат 192.000 евра

Претседателот на Собранието на Макдонија, Талат Џафери, ќе ги поднови колегите пратеници со нови мобилни телефони, а македонските граѓани за тоа ќе платат 192.000 евра за двегодишната претплата.

Собранието, како што објави порталот ММС, минатиот месец потпишал договор со Македонски телеком за двегодишна претплата, а во договорот е набавка и на 270 мобилни линии со неограничени разговори и интернет по цена од 497 денари месечно, веројатно за собраниските службеници. За 120 македонски пратеници, пак, претплатата е 1.492 денари месечно.

Покрај неограничените разговори дома и неограничен интернет, пратениците во пакетот имаат и бесплатни разговори со ограничено времетраење и во странските мрежи.