5.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

И полицијата ќе протестира – не се задоволни од ниските плати!

Синдикатот на полицијата на Македонија преку статус на Фејсбук пишува дека излегува на протест.

„Сакаме да Ве информираме и запознаеме дека во деновите 26,27,28 и 29 Април 2022 година (вторник, среда, четврток и петок) со почеток во 16.00 часот пред Собрание на Република Македонија, Синдикат на полиција во Македонија – СПМ заедно со 4 Грански синдикати во рамките на Конфедерација на слободни синдикати во Македонија – КСС ќе одржува протест. СПМ на самиот протест е да се искаже револт на вработените во Полицијата заради ниските плати во полицијата“, пишува СПМ на Фејсбук и додава:

„На протестот од страна на СПМ ќе биде побарано единствено:

• ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА – 1 ЕВРО – 1 БОД.

Со таа цел Ве ПОВИКУВАМЕ И ПОКАНУВАМЕ заедно како СИНДИКАТИ во рамките на Министерството за Внатрешни Работи да дадете подршка, учество и придонес во наведеното искажување на револтот и незадоволство и заедно да кажеме дека „Во МВР ПЛАТИТЕ СЕ НИСКИ“ и не е онака како што некој друг сака да прикаже.

Ајде заедно да излеземе и да го прикажеме незадоволството што владее во ПОЛИЦИЈАТА и да прикажеме дека најпрвен НАЈВАЖЕН ни е вработениот пред се, неговиот живот и ДОСТОИНСТВО што го поседува“.