Вкупно 763 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во земјава. Од нив 306 лица се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 457 во болниците низ земјата. Во ковид–центрите има околу 350 се празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид–центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Моментално на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Во ковид–центрите во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25, во Штип 36, Тетово 13, Велес 26, Куманово 72, Охрид 56, Прилеп 78, Гостивар 17, Сруга 20 Струмица 29, Кочани 7, Кичево 6, Кавадарци 50, Гевгелија 9 и во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.Споредено со вчерашните бројки расте бројот на пациенти во Кумановската, Струмичката и во болницата во Штип.