Хрватскиот премиер реагира на поскапувањата поради воведувањето на еврото:Ова мора да престане, утре воведваме мерки

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Хрватска постигнала две стратешки цели со влезот во Шенген и воведувањето на еврото, а што се однесува до поскапувањата, рече дека тоа мора да престане и дека утре ќе се преземат мерки.

„Некои деловни субјекти го користат ова за да ловат во темница, тоа е лоша и неправедна практика. Треба да престанеме со тоа, да се вратиме на цените кои беа пред 1 јануари и праведно и правилно да го преведеме курсот, како што тоа го направи државата за доброто на граѓаните“, нагласи Пленковиќ, пренесе Индекс.хр.

Според него, ќе бидат ангажирани сите инспектори, не само главниот државен инспектор, тие се на терен и се чека нивниот извештај.

 

„Не смее да се случи, а не смее да се случи затоа што хрватската држава во годината на кризата ги регулираше цените на струјата, гасот и нафтените деривати, создаде пакети за да им помогне на сите, вклучително и на целата бизнис заедница, го намали ДДВ… Ако државата си го направи своето, тогаш не е во ред сите што профитираа од владините мерки веднаш неоправдано да ги покачуваат цените. Ќе ги вклучиме сите државни механизми да го спречиме тоа и да ги вратиме цените таму каде што беа“, посочи тој.

Премиерот на Хрватска рече дека државата не може  да прави се, а некој со менталитет кој е чиста грубост, профитерство, крадство, да ги претвори граѓаните во некој кој не е премногу паметен.

„Тоа не доаѓа предвид и затоа владата утре ќе донесе мерки. Не сакаме некој голем успех да го претвори во нешто грубо“, рече Пленковиќ.

Како што неофицијално дознава Index.hr, денеска во Владата била свикана седница на која се разговарало за мерките за спречување на поскапувањата поради воведувањето на еврото.

Седницата беше прекината, но треба да продолжи попладне и вечер.

Се уште не е одлучено кои мерки ќе бидат усвоени на утрешната владина седница.

Покрај црните списоци и зголемувањето на бројот на производи чија цена може да се замрзне, трговците добија неофицијални информации дека владата може да ги натера да ги вратат цените на стотина производи на нивото од 30 ноември.

Хрватскиот министер за економија Давор Филиповиќ претходно денеска изјави дека наскоро ќе се одлучи дали ќе се продолжи со црните списоци поврзани со поскапувањата што следеа по воведувањето на еврото и сериозно се размислува за создавање црна листа на ниво на министерство за економија. .