Хуманитарни пакети за 50-тина социјални семејства од општина Кисела Вода

Пред Божикните празници, денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, советници од Советот и општествено одговорни компании, посетија 50-тина социјално загрозени семејства во Кисела Вода. Со хуманитарни пакети, како мало внимание,им ги честитаа празничните денови, порачувајќи им дека не се сами и дека имаат поддршка на која можат секогаш да сметаат.

-Ова се денови на радост, на љубовта и надежта, денови на сплотеност помеѓу луѓето и како такви – секој заслужува да ги помине како што доликува. Ова се денови кога треба да покажеме дека сите сме луѓе помеѓу луѓето. И можеби не можеме да направиме големи работи кои ќе го променат светот, но можеме да го промениме секојдневието на подобро на оние на кои најмногу им треба тоа. Оние, кои кај мене секогаш ќе ја имаат безрезервната поддршка, секогаш и секаде и во секој ден од годината!

Денес, заедно со пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, советниците и општествено одговорни компании, на кои сакам да им искажам огромна благодарност, посетивме околу 50 семејства во Кисела Вода. Се потрудивме со мало внимание од нас да им ги разубавиме празниците, да знаат дека не се сами и дека секогаш има некој кој мисли на нив.

И за мене не постои ништо поголемо од секоја стисната рака од нив, секоја искрена прегратка од овие мали душички и секој разменет збор.

Да се прават добри дела е највисок чин за еден човек, да се изнудат искрени насмевки е најголема награда.

Затоа, да помагаме секогаш кога можеме, посебно на вакви денови.

Да сте живи и здрави сите, моја е честа да бидам гостин во вашиот дом!

Нека ни се среќни Божиќните празници-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.