Во петокот вечерта околу 19 часот на подрачје на скопската општина Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Д.Т. од скопскот село Визбегово.
При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги.
Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.