И додека британската власт смета дека со објавувањето на тајните податоци е загрозена сигурната на земјата и им се помага на терористите, а исто така дека и новинарите од „Гардијан“ мора да одат на суд за непочитување на Законот за тероризам, главниот уредник смета дека текстовите кои тие ги напишале се темелат на добиени документи и дека со нив не е загрозана ничија безбедност, ни на граѓаните, ни националната сигурност и дека никој не е довевед во опасност.
Русбригдер истакна дека од Сноуден има добиено околу 58.000 документи и дека не очекува во иднина да се објави толку голема количина на информации. Тој додаде дека „Гардијан“ е под притисок на владата, и дека такво нешто би било незамисливо во САД, каде што новинарите може да се повикаат на Првиот амандман за заштита на слободата на говорот.