Ивановиќ во вистинско време ја изненади Серена Вилијамс

Поранешниот светски женски тениски рекет број еден Ана Ивановиќ, ја приреди најголемата сензација на годинашниов Австралија Опен елиминирајќи ја најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс.

Таа по четири порази во низа од Американката без освен сет со совршена игра ја доби Вилијамс со 4:6,6:3,6:3 по два часа борба.

„Не размислував против кого играм. Само уживав во тенисот и играв најдобро што знам и умеам. Секако ова извонредна победа која ми дава дополнителен мотив за продолжението на турнирот“ , изјави Ивановиќ.
Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и Флавија Пенета која беше подобро од Анџелика Кербер со 6:1,4:6,7:5), како и Кинеската На Ли која убедливо со 6:2,6:0 славеше против Русинката Екатерина Макарова.