Најголемиот блок на сириската опозиција во егзил, Сирискиот национален совет, синоќа ја напуштија Сириската национална коалиција бидејќи на преговорите е повикан режимот во Дамаск.
Советот објави дека би ја погазил својата одлука да не влезе во преговорите додека претседателот Башар ал Асад не си замине од власт. Длабоко поделената Сириска национална коалиција, по неколкунеделните закани дека ќе ги бојкотира преговорите, сепак овие денови со просто мнозинство гласови одлучи да учествува на конференијата.
Сириската опозициска Национална коалиција потврди дека ќе учествува на меѓународните преговори на 22-ри јануари во Швајцарија, откако Обединетите нации го повлекле повикот Иран да учествува на тие преговори.