Во кујната на Нетпрес готвиме: Цезар салата и блу мун тортички

За денешниот ручек се одлучивме да приготвиме вкусна и богата Цезар салата и слатки малку блу мун тортички.

За салата ни е потребно:

1 зелена салата

1 чешне лук за лебо
2 резанки леб
3 лажици маслиново масло
2 тврдо варени јајца
Мелен пипер
2 раце пармезан

За прелив


1 лажица сенф

½ лажица вински оцет
2 лажици мајонез
3-4 лажици
Сок од лимон
½ лажици Ворчестер сос (ако го немате може и без него)

Подготовка:

Отстранете ја корката од лебот и мекиот дел исечете го на коцки. Измијте ја салатата и исушете ја. Сварете ги јајцата и оставете ги да се изладат.

На тава загрејте маслиново масло и додате го ситно исечканиот лук, додајте го лебот и малку посолете. Пржете го лебот додека од исте страни не добие златна боја и не стане крцкав.

Салатата ставете ја на чинија како подлога за понатамошните состојки. Салатата можете да ја исчекате или да ги оставите листовите цели. Важно е салатата да биде подлога.

На салатата ставете ги варение јајца исчечени на плочки, пармезанот и пржениот леб. Ставете го сосот, прелијте го преку салатата и посолете. Во салатата можете да додадете пржено бело пилешко месо или сланина.

blu mun

Блу мун тортички

Состојки

Изрендана бела чоколада

 

За тестото

50 гр путер
190 гр шеќер
2 јајца
120 гр брашно
1 прашок за пециво
Малку сол
240 мл млеко
50 мл ванила екстракт

За глазурата

50 гр путер
Малку млеко
1 ванилино стапче
Малку сол
350 гр шеќер во прав

 Подготовка на тестото

Загрејте ја рерната на 180 степени. Путерот изматетето на средна брзина, додајте шеќер и нека добро се измешаат. Додадете ги јајцата едно по едно додека не се добие хомогена смеса.

Ставете го брашното, прашокот за печење и сол. Ставете ја смесата во здела, додадете млеко и мешајте со мала брзина додека не се измеша добро, потоа додате го ванилиниот екстракт.

Поделете ја смесата во тава во калапи за тортички. Печете 15 до 20 минути. Кога ќе бидат готови оставете ги во рерната да се оладат 10 минути, но рерната оставете ја отворена.

За глазурата

Изматете ги првите четири состојки на средна брзина додека не се направи крем. Постепено додавајте шеќер во прав, матете додека се не измеша добро и не стане кремасто. Додајте боја.

Пријатен апетит!