Самсоненко го претстави новиот тренер на РК „Вардар“ Раул Гутјерез

Сопственикот на македонскиот ракометен шампион Сергеј Самсоненко го претстави новиот тренер Шпанецот Раул Гонзалез Гутјерез. Тој на клупата на Вардар треба да остане до 2016 година.

“Благодарам за можноста да работам во клуб кој има големи планови за иднина. Не смеев да ја пропуштам оваа шанса да бидам дел од проектот Вардар кој има големи амбиции пред се на меѓународната сцена. Ќе дадам се од себе да на ја изневерам укажаната доверба и заедно со играчите и раководството да ја исполниме зацртаната цел, изјави Гонзалез Гутјерез.

Шпанецот кој во 1996 како играч е освојувач на бронзениот медал на Олимписките игри во Атланта, во својата тренерска кариера работел заедно со Талант Душебаев во Атлетико Мадрид.

Уште позначајно за Раул Гонзалес е тоа што во својата кариера како тренер има работено со неколкумина ракометари од самата светска елита, како што се капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, шпанските репрезентативци, голманот Арпад Штербик, Хулиен Агинагалде, Хоан Канелас, хрватскиот суперстар Ивано Балиќ, Белорусинот Сергеј Рутенка, Французинот Лук Абало. Има голем придонес и во работата со помлади категории, и во процесот на откривањето на млади таленти, а каков негово откритие е десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев, кој ги направи првите ракометни чекори, токму со Раул Гонзалес.

Самсоненко го претстави иновиот спортски дирецтор на ЖРК Вардар СЦБТ, Србинката Тања Медвед, која е поранешна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров.

Медвед, дресот на Кометал го носеше две години, во тој период играше заедно со Гордана Нацева и Идира Кастратовиќ.

„Му благодарам на Вардар што ми ја укажа довербата. Играв заедно со Индира и со Гоца, сега сме во нови улоги, но сигурна сум дека жените можат да постигнат многу. Убедена сум дека со заедничка работа ќе го направиме женскиот тим на Вардар да биде најдобро и најпрепознатливо име“, рече на промоцијата Медвед.