Рускиот брод „Љубовта на орлите“ плута по Северниот Атлантик од 2012-та година, а на него нема никој освен гладни глувци кои се напаѓаат и се јадат меѓу себе за да преживеат. Овој брод се приближува кон британското крајбрежје.
Станува збор за руски истражувачки брод изграден во 1976-та година и по пловидбата ширум светот во 2010-та година завршил во Канада. На пат кон Доминиканската Република минатата година се случила несреќа и бродот останал на отворено море, а сега се приближува кон британските острови, со стотици заразени глувци.
Веста за напуштениот брод кој по скоро една година во северните мориња би требало да исплови до британското крајбрежје ја објави „The Independent“ со предупредување дека е лесно возможно „патниците“, односно глувците се полни со зарази.