Обвинителството за воени злостроство на Србија соопшти дека сефовите на командантот на Српската доброволна гарда, Жељко Ражњатовиќ Аркан во Комерцијалната банка се празни.
Во соопштението се наведува дека на основа на наредбата на судијата за претходна постапка на Одделението за воени злосторства на Вишиот суд во Белград, денеска во присуство на претставник на тамошното Обвинителство и Министерство за внатрешни работи се отворени сефовите на Жељко Ражњатовиќ.
„Бидејќи клучевите за отворање на сефовите не се пронајдени се пристапи кон насилно отворање на двата сефа. Во рамки на правилата за постапка, по отворањето, беше востановено дека сефовите се празни“, стои во соопштението.