И германската канцеларка, Ангела Меркел има свој став за Фејсбук. Таа смета дека е добар. Но, не подобар од другите подобности во животот, како некои апарати за бела техника.
– Добро е да го имаме. Тоа е добро како што е добро да имаш авромобил ими машина за перење, изјави Меркел одговарајќи на прашњето што мисли за Фејсбукот.
Меркел зговореше за заштитата на податоци на собир на Лутеранската црква во Штутграт.
– Поседувањето на Фејсбук не значи по автоматизам дека имаш добри пријатели, но може да биде корисен за одржување врски со луѓето, рече таа.
Инаку, ова не е прв гаф на Меркел поврзан со социјалните мрежи и интернетот. Пред две години таа беше изложена на постмев во јавноста кога говорејќи за изнаоѓањето баланс меѓу правото на лична неприкосновеност и безбедноста, изјави дека интернетот е „непозната територија за сите нас“.