Форензичките анализи на биолошки траги и отпечатоци потврдиле дека седуммина од терористите во кумановската Дива Населба, претходно биле меѓу напаѓачите во караулата Гошинце, објави „Канал 5“.
Мегу нив се и водачите Мирсад Ндрецај алијас командант Нато и Бег Ризај алијас командат Бегу кои беа убиени во Куманово како и Дем Шеху кој е во притвор.
Имињата на другите четворица кои ја напднаа и караулата, а подоцна се стационирале и подготвувале напади од Дива Населба се Адријан Бујари Реџеп Реџепи, Фејзула Рушитовски и Валдет Зекај.
Како што објави „Канал 5“ групата која ја запоседна „Дива населба“ и уби осуммина полицајци има дебели полициски досиеја и богата криминална историја.
Ова го потврдиле податоците кои МВР ги добила преку Интерпол. Дваесет и еден од нив се гонат за 104 најразлични кривични дела од убиства до семејно насилство и киднапирање.
Според досегашната истрага рекордер со 22 кривични дела е косовскиот државјанин Валдет Зекај кој се смета одговорен и за две убиства . Зад него со 18 кривични дела е Шефкет Каљачи.
Мухамед Красничи или командант Малишева има 11 пријави од кои две убиства, трговија со дрога и нелегално оружје, киднапирање.
За Ндрецај досега се најдени само 3 кривични дела: закана, напад и телесна повреда.
Толку има и Сами Укшини, алијас командант Соколи.
Дем Шеху има 5 кривични дела од кои две ги сторил во Македонија. На оваа листа се најдоа и деветмина од македонските државјани кои учествувале во престрелката со полицијата во Куманово.