Заев поставува такви услови што знае однапред дека не може да се договори. Целта не му е да се договори, целта му е да се одолговлекува работата, цела држава да живееме како заложници негови.
Ова го истакна вечерва премиерот Никола Груевски по неуспешните 12 часовни преговори во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан.
-Целта му е чекајќи да се разреши некаква криза да почне да тоне економијата, а избори да нема, затоа што ќе ги изгуби изборите, тој тоа го знае, вели Груевски.