Презентација за вработување лица од ранливи категории во општина Аеродром

Презентација на активните мерки и програми, коишто се достапни преку Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе се одржи утре со почеток од 14:00 часот, во просториите на ООУ „Блаже Конески“.

Презентацијата е наменета за информирање на невработените лица, но и за фирмите кои сакаат да вработат лица од ранливите категории.

Од општината ги покануваат граѓаните, кои сакаат да присуствуваат на настанот, да се пријават на е-маил адресата: [email protected] или на телефонскиот број 2401-542.