
Во рамки на програмските активности на меѓународниот Семинар за македонски јазик и литература, вечер во Охрид ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“ од поетот и литературен критичар Раде Силјан.
Во делото се застапени 206 поети од дванаесет балкански држави Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.
Изданието ќе го промовира Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот семинар.