Коевски е нов декан на скопскиот Правен факултет

Поранешниот продекан на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, д-р Горан Коевски е новиот декан на Правниот акултет.

Тој за оваа функција беше предложен од наставно-научниот совет на факултетот, откако пред неколку месеци професорот Борче Давитковски поднесе оставка. На денешното тајно гласање доби 44 од вкупно 66 гласа.

Коевски на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е вработен од 1989 година, а во 2010 година е избран за редовен професор на научната област трговско право.